Се чини дека тој без оглед на семејната трагедија која ја предизвика, и понатаму се забавува како да е сè во ред.
Проблематичниот дечко Скот Дисик повеќе од еден месец не се појавил во домот, ниту ги видел своите три деца, а за неговата девојка Кортни да не зборуваме. И додека никој навистина не знае што се случува со него, освен што е постојано пијан и дрогиран, Скот конечно објави слика на Инстаграм.
Не, нема напишано ништо поврзано со семејството и ситуацијата во која се наоѓа, тој преку Инстаграм ги повика луѓето да дојдат на забавата на која тој е домаќин. Неговата објава предизвика бес во јавноста и маса на негативни коментари.
Некои од коментарите не се воопшто убави:
„Леле Скот, мислев дека си подобра личност. Што изведуваш? Ти си татко! Што е со твоите деца? Порасни!“.
„Време ти е да се вразумиш и да се вратиш дома кај своите деца“.
„Твојата жена изгуби 10 години од животот трпејќи те тебе и сето тоа залудно. Ја изгуби мојата почит“.
Ова се само некои од пристојните коментари, а другите не ги бираа зборовите.
Во меѓувреме, Кортни ги промени сите брави на куќата бидејќи таа не се чувствува сигурно, особено кога знае во каква состојба се наоѓа Скот. Извор близок на реалити ѕвездата наведува дека таа повеќе страда, сега едноставно е подготвена за немилосрдна битка со Скот. Се разбира, нејзините сестри се тука за неа и ја поддржуваат во овие проблематични времиња.