Фронтменот на панк групата “The Exploited” доживеа срцев удар на сцена (ВИДЕО)

Вати Бушан, пејачот на легендарната панк група “The Exploited” доживеа срцев удар на сцената за време на концертот во Лисабон на 13-ти февруари.
Тој во моментов се наоѓа во болница каде што закрепнува од срцев удар.

Групата беше на турнеја, а со нив настапувала и групата “Hatebreed”. За жал, тие ги откажаа сите концерти до мај. Тие неодамна го најавија и пуштањето на нов албум.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево
- Реклама -