Кого би спасиле при пожар?

Сократ, големиот филозоф и многудетен татко, обожавал да излегува на плоштадот и да им поставува комплексни прашања на своите современици. Едно од овие прашања е актуелно до ден денес.

Беше вообичаена летна вечер, кога седнав да го читам Сократ и едно прашање особено ми го поткопа умот.

“- Кого ќе спасите во случај на пожар, ако можете да спасите само еден? Жената или детето?

Сите мажи одговориле:

– Детето, се разбира!

Сократ им го кажал своето мислење:

– Јас би ја спасил мојата жена. Да, ќе тагуваме заедно, но потоа таа ќе ми роди други деца. Ако го спасам детето повторно  ќе тагуваме. Тоа за својата мајка, јас за својата жена. Кога ќе го погледнам секогаш ќе се сеќавам на пожарот и мојот избор. По некое време наместо мајката ќе дојде маќеа, која никогаш нема да го сака како свое дете.”

Ја раскажав дома приказната. Жена ми ме праша за мојот избор и истиот се покажа неверојатно сложен. Сепак, се предомислив и го избрав детето.

Утрото повторно го сменив мислењето. Тргнавме кон работа. Денот беше тежок и речиси заборавив на Сократ, но не и мојата сопруга.

Таа ја раскажала приказната за време на паузата за ручек со нејзините колеги и ги прашала за изборот. Им раскажала и како јас прво сум го избрал детето, а утрото сум се предомислил. Сите се впуштиле во разговор за последиците и одлуките, а на крајот им се свртел келнерот, кој инаку го познаваат одамна.

– Абе вие ​​сте полуделе ли? Се разбира дека детето. Жената секогаш можеш да ја замениш со друга. А детето е твоја крв. Како ќе го смениш?

Спасот се појавил во тело на старец, кој седел сам на соседната маса. Тој избегнувал да се вклучува во спорот, а искрено како што раскажува жена ми, не ни слушнал добро на што се однесува целата таа галама.

– Што сте се развикале? Да не ви каснат платите?

Тие му објасниле што е суштината на спорот и го прашале за неговиот избор. Старецот се замислил:

– Јас имам 2 сина, една ќерка и 7 внуци. Речиси сите сакате да се спаси детето, нели? Јас би ја спасил мојата старица. Децата се гости во семејството. Растат и одлетуваат. Да, нè сакаат и ни доаѓаат на гости, но потоа си заминуваат. Секој ден двајцата со бабата живееме сами и ќе умреме заедно.

Мудроста на старецот ги натерала да се смират и да погледнат од неговата гледна точка. Можеби ние младите не ја гледаме суштината на заедницата на тој начин? Можеби на прво место ги ставаме децата и правиме сè само за нив? А можеби и често забораваме дека децата ќе бидат посреќни, ако гледаат како родителите се ценат еден со друг.

А вие кого би спасиле при пожар?

semeistvo

- Реклама -