Нацистите имале голем број чудни оружја и луди идеи за време на Втората Светска Војна. Еден од нивните планови биле да убиваат сојузнички војници со отровни колбаси, чоколадо и кафе во случај истите да влезат во Германија. Но очигледно тие имале и полуди идеи – кучиња кои зборуваат.
Според еден универзитетски академик, Германците мислеле дека кучињата имаат речиси иста интелегенција како луѓето и се обиделе да ги научат да „говорат“, читаат и пишуваат. Тие дури и вршеле експерименти со телепатија човек-куче. Хитлер, познат љубител на кучиња, се надевал дека животните би научиле да комуницираат со нивните господари од SS, и подржал специјално училиште кое ќе ги научи кучињата да зборуваат.
Претставници на партијата регрутирале „образовани“ кучиња од цела Германија и ги обучувале да даваат сигнали со своите шепи. Некои кучиња наводно можеле и да имитираат човечки гласови, а едно дури и рекло “Mein Fuhrer” кога го прашале кој е Адолф Хитлер. Друго куче наводно „пишувало“ поезија. Германците се надевале да ги употребат животните во војната, во стражарски улоги крај припадници на SS.
Експериментите се пријавени во истражувањето на академик доктор Јан Бондесон на тема „уникатни и неверојатни кучиња во историјата“. Доктор Бондесон, од Универзитетот од Кардиф, го посетил Берлин каде што трагал по заборавени весници и журнали за да изгради слика за некои од полудите идеи на Нацистите. Хитлер лично поседувал два германски овчари, Блонди и Бела. Тој ја убил Блонди непосредно пред неговото самоубиство во бункерот во Берлин во 1945 година.
Училиштето за кучиња било наречено Tier-Sprechschule ASRA и се наоѓало во близина на Хановер. Директорка на училиштето, основано во триесетите, била Маргарет Шмит – училиштето работело сè до крајот на војната. Едно од кучињата, ердел териер со име Ролф, наводно „зборувал“ со тапкање со шепата – секоја буква од азбуката била претставена со одреден број на тапкања. Според нацистите Ролф шпекулирал на тема религија, учел странски јазици, пишувал поезија и прашал благодничка која го посетила училиштето: „Можеш да ја мрдаш опашката?“
Кучето патриот дури изразило желба да стане дел од армијата – бидејќи не ги сакал Французите. Јазовичарот Курвенал наводно зборувал користејќи лаење наместо тапкање со шепите, и му кажал на неговиот биограф дека планира да гласа за Хинденбург. Трето куче, Дон, имитирало човечки глас кога лаело и рекло: „Гладен! Дајте ми торта.“
Доктор Бондесон, автор на книгата Amazing Dogs: A Cabinet Of Canine Curiosities, вели: „Ова е апсолутно неверојатно. Имало неколку многу чудни експерименти во Германија за време на војната кои се фокусирале на комуницирање со кучиња.“ [Dr Jan Bondeson: Nazis tried to teach dogs to talk and read]