Саманта од „Сексот и градот“ е на диета од 1974 година

Актерката Ким Катрал, која се стекна со светска слава со улогата на Саманта Џонс во серијата „Сексот и градот“, открила дека цел живот е на диета.

Педесет и шестогдишната Катрал изјавила дека и понатаму може да глуми заводничка, првенствено благодарение на тоа што е на диета од 1974 година.

936full-kim-cattrall

„Не се обидувам никого да заведам со изгледот или успешната кариера. Ако мојот успех исплашил некој маж, тоа не е мој проблем, туку негов“, рекла Ким.

Таа рекла дека со текот на годините сѐ повеќе се грижи за својот изглед.

„Генерацијата на жени на која ѝ припаѓам се водат од вежбите на Џејн Фонда, како и со советот што повеќе да бидеме на свеж воздух и да пиеме најмалку осум чаши вода дневно. Тоа денес навистина ми се исплати“, рекла Ким.

- Реклама -