Ријана ќе се омажи со Крис во бикини?

Се шушка дека Ријана и Крис Браун планираат да се венчаат во јули во родното место на Ријана, Барбадос, и дека свадбата ќе биде сѐ освен традиционална.

Иако сите веќе го навикнавме, а речиси и до детал го научивме голото тело на пејачката, таа сепак не сака да се откаже од голотијата дури ниту за нејзината венчавка.

Наводно, според извори на магазинот „Now“, Рири не сака голема венчавка ниту досадни конфети. Наместо тоа, таа сака да се венча во бикини и во карневалска атмосфера. Се да биде опуштено и забавно и луѓето кои ќе присуствуваат да го поддржат таквиот амбиент и да се забавуваат.

Ријана (25) и Крис (23) официјално ја обновија врската од доделувањето на „Греми“ наградите во февруари, кога навршија точно четири години од скандалозниот инцидент во кој Ријана беше претепана, а Крис доби условна казна која и понатаму ја отслужува.

„Одлучив да бидам среќна и нема да дозволам туѓото мислење да ми застане на патот“, изјави Ријана за „Roling Stoun” на прашањето зошто ја обновила врската со момчето кое толку ја повреди.

- Реклама -