Ријана и Крис се релаксираат на Хаваите

article-0-18296872000005DC-835_634x482

Ријана оваа среда наполни 25 години, а убавата пејачка реши роденденот да го прослави заедно со своето момче Крис Браун на Хаваите.

Иако неодамна се зборуваше за нивниот прекин на врската, по прославата за „Греми“ наградите, сепак, се чини дека тоа било само уште една вообичаена кавга за контраверзната двојка.

Крис и Ријана биле уловени на романтична прошетка по плажата, фотографии на кои уште еднаш може да ја видиме пејачката во тропски аутфит каде нејзината беспрекорна фигура е дојдена до израз.

Сепак, како папарацо фотографиите да не се доволни, Ријана сподели фотографија и на нејзиниот „Твитер“ профил.

- Реклама -