Првите рекламни постери од колекцијата на Ријана

rijana5

Неодамна бевме сведоци на деби – ревијата на трудољубивата Ријана за британскиот бренд River Island на Лондонската модна недела, а веќе се појавија првите рекламни постери од нејзината колекција.

Егзотичните девојки кои се појавуваат на постерите се симбол на свежата претстојна пролет со елементи на разврат.

Спортските јакни на голите девојки, машките фризури и розовите нијанси на косите, како и „скинатите“ маици се одличен показател на ретро стилот на самата Ријана. Погледнете дел од рекламната кампања на Ријана направена од фотографот Марио Соренти!

- Реклама -