Ферги и Џош Духамел го очекуваат првото дете

1361213195_josh-duhamel-fergie-lg

Ферги и Џош Духамел имаат големи новости кои ги споделија вчера на „Твитер“. „Josh & Me & BABY makes three!“, напишала пејачката вчера на нејзиниот профил, со што официјално ги потврдила гласините за нејзината блажена состојба.

Ферги воедно споделила и фотографија од неа и нејзиниот сопруг во нивните бебешки денови.

josh-duhamel-fergie-lg-02

Тие веднаш штом ја дознаа веста ја споделија со светот. Духамел ја напиша истата порака на неговиот „Твитер“ и „Фејсбук“ профил.

Двојката која се венчаше во Јануари 2009-та година, уште минатата година во Шоуто на Опра зборуваше дека се надева на проширување семејството, па се чини дека најпосле нивната желба се исполни.

- Реклама -