Ријана повторно се сликаше за насловната на „Rolling Stone“.
Дваесет и четиригодишната пејачка се сликаше за најновото издание на магазинот што ќе биде објавено утре, а во него Ријана отворено зборува за нејзината врска со Крис Браун.
„Ние меѓусебно се цениме. Точно знаеме што имаме сега и не сакаме да го изгубиме тоа“, вели Ријана во интервјуто за „Rolling Stone“.