Жежок чај не звучи како нешто што би ве разладило но сепак е вистина. Џо Палка од Morning Edition на NPR го посветил своето време на оваа тема. Тој од својот уредник Мадулика Сика добил задача да објасни зошто жешкиот чај помага во разладување на жежок ден.
Повеќето наунчници со кои контактирал биле воздржани но Питер Мекнотон, невролог од Универзитетот од Кембриџ му понудил можен одговор. Иако се согласил дека идејата се чини нелогична тој додал: „Очигледно е дека жешките пијалаци ви ја покачуваат температурата а студените пијалаци ве разладуваат. Тогаш зошто би сакале да ви биде потопло во жежок ден?“
Тој вели дека нервите во јазикот и устата имаат специјални молекули-рецептори. Нивната работа е да ги примаат сигналите од околината на нервот. Различни нерви имаат различни рецептори, но нервите во јазикот имаат специјален рецептор кој реагира на топлина. Тој е познат како TRPV1 рецептор.
Кога јадете или пиете нешто жешко овие рецептори добиваат сигнал за присуство на топлина и му пренесуваат на позокот што се случвуа. Кога мозокот ќе добие порака „Овде е жешко“ го вклучува системот за ладење – потењето.
Да, жешките пијалаци ја покачуваат температурата, но имаат и друга функција. „Жешките пијалаци имаат ефект врз системскиот механизам за ладање кој го надминува ефектот на загревање“ вели Мекнотон. Но има и друга интересна работа.
Овие TRPV1 рецептори реагираат на топлина но тие реагираат и на хемикалиите во лути пиперки поради што јадењето луто се забележува како топлина. „Токму заради тоа лутите пиперки се популарни во жешките земји, тие предизвикуваат потење и активираат механизми кои помагаат во спуштање на температурата.“