Ана и Швајнштајгер се подготвуваат за свадба во Србија

Ана Ивановиќ и Бастиан Швајнштајгер, по нејзиното излегување од Ролан Гарос, престојуваа во Србија, а ја искористиле можноста да посетат места на кои би можеле да се венчаат.
Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастиан Швајнштајгер од Париз пристигнаа во Белград минатата недала. Врската на популарниот пар е многу сериозна, за што сведочи и фактот што и двајцата се запознале со семејствата на својот избраник, а мајката на познатиот фудбалер едноставно ја обожава Ана. Речиси е сигурно дека тие двајца ќе го кажат судбоносното „да“, а тоа, како што дознава „Blic“, ќе се случи во родната земја на убавата тенисерка.

– Тие двајца се луди еден за друг и со оглед на тоа што постојано се заедно, свадбата е многу очекувана работа. Ана минатиот викенд го носеше Бастиан на сите нејзини омилени места, со цел заедно да одберат идеална локација за свадба- открива добро известен извор, пренесува „Blic“.

Најголем проблем им претставува црковната венчавка, но бидејќи тие не се конвенционални, немаат ништо против да влезат само во световен брак.

– Нивната љубов ги совладува сите препреки. Таа е православна, а тој е католик, па уште не дефинирале во која црква ќе се венчаат. Но, важно е дека се согласни свадбата да биде во Србија- вели изворот.

Бастиан и Ана се во врска од септември минатата година, а германскиот фудбалер е толку луд за убавата српска тенисерка, што на своите копачки го носи српското знаме и зборот „душо“, а почнал да учи и српски јазик, пренесуваат српските медиуми.

- Реклама -