Лидија Вукичевиќ направи промена на своите слики на Инстаграм кога објави фотографија од својот син.
До сега актерката, која најмногу ја знаеме од серијата „Bolji život“, добиваше комплименти за нејзиниот добар изглед и форма, а сега голем број пофалби пристигнаа на сметка на нејзиниот син Андреј Мркел, кој го доби со поранешниот сопруг Митар Мркел.
Како и неговиот татко, и Андреј е фудбалер, а неговата слика на Инстаграм профилот на Лидија предизвика многу коментари, претежно од жени, кои не го криеле воодушевувањето од изгледот на синот на актерката.