Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека таа знае дека албанското население во Црна Гора го знае на памет речисии сите нејзини песни.
Бројните хитови на Цеца се најпопуларни на свадбите, но и другите веселби, на Албанците, а често се нарачуваат и песни на други фолкери како Мирослав Илиќ и Драгана Мирковиќ. Сето ова се случува во Црна Гора, во местата каде што живее албанско население, Улцињ и Тузи. Нема веселба на која не се пеат хитовите на Цеца, па дури и песната „Београд“.
– Мило ми е што Албанците ги сакаат моите песни. Важно е дека музиката не ја загрозува политиката и економијата, и на сите би требало да им биде јасно дека пејачите, на некој начин, имаат мисија да ги спојуваат сите луѓе, колку и да им се различни верувањата- рекла Цеца за „Blic“.
За да бендот отпее само една песна на Цеца Албанците кои ги женат синовите се подготвени да платат и по 500 евра од песна.