Eдна поинаква Елена за нов почеток

Елена Миленковска и БМА Продукција со песна и спот за сефте на соработката

 Добра енергија, одлична атмосфера, прекрасен тим, вака најкратко може да се опише снимањето на видео- записот на Елена Миленковска како почеток на соработката со БМА продукција.

Ова е таа Елена, поинаква, Елена која знае што сака и знае колку може, ова што ќе го видите во ова дело на Мерт Аслани е Елена која мене лично многу ми се допаѓа”- ни изјави младата Елена Миленковска, видно возбудена, но и задоволна од сето она што се случуваше на снимањето на видео- записот за темата Знам во студиото FX3X.

Ни рекоа дека приказната нема да ни ја раскажуваат, бидејќи тоа било исто како кога некој ќе ви раскаже филм кој многу сакате да го гледате.

Па така, не оставија без одговор на ова прашање, но во уште поголемо очекување на промоцијата на спотот, која ќе се случи за десетина дена.

За темата Знам,  Бертан Аслани ја создаде музиката и аранжманот, а Тони Зен се потпиша зад текстот.

И во духот на насловот на песната, Елена ќе ви рече: “ Јас навистина знам дека ова е вистинскиот пат за да допреме до публиката.”

elena spot15 elena spot14 elena spot11

 

- Реклама -