Цеца: Мојот дует со Ријана би бил светски хит!

Цеца Ражнатовиќ вели дека од познатите светски пејачки најмногу од сите ја почитува Ријана, дека таа и е огромна инспирација, па би сакала да снимат дует сличен на оној на Ријана и Шакира.

– Ријана има прекрасен глас. Настапите и се многу енергични. Сакам да ја слушам нејзината музика и уживам гледајќи ги нејзините настапи. Бев минатиот јуни на нејзин концерт во Виена. Иако ја слушав и Џенифер Лопез, Ријана ми е многу подобра. Според мене, таа е неколку чекори пред сите. Од сите светски ѕвезди таа некако најмногу ме инспирира. „Can’t Remember To Forget You” е одлична нумера која Ријана ја направи со Шакира, можеби би можеле да снимиме нешто слично, раскажува Цеца и додава дека нејзина стара желба и е да сними дует со Бруно Марс.

– Тоа сигурно би била некоја балада. Го обожавам, совршен е и внесе вистинско освежување на музичката сцена, заклучува Ријана.

- Реклама -