Што ќе прави сега! Емина Јаховиќ за забраната на Твитер во Турција

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна за време на еден свој настап, коментирала за желбата на турскиот премиер за забрана на Твитер во земјата во која и самата пејачка живее.
– Катастрофално. Не знам што да кажам во врска со тоа. Тоа за мене е укинување на човековите права и затоа е многу чудно, но добро. Тоа е работа на политика, јас не се мешам но дефинитино не се согласувам- рекла пејачката.

Со оглед дека и самата Емина е многу активна на оваа социјална мрежа, таа силно го осудува потегот на турскиот премиер Реџер Тајп Ердоган, а веста за укинувањето на Твитер ја дознала во Србија па пејачката не знае колкава прашина се дигнала во Турција поради оваа вест.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

– Кога слетав во Србија слушнав дека нема Твитер. Кога ќе се вратам во Турција ќе видам за што поточно станува збор, па тогаш и ќе дознаам каква била реакцијата на луѓето бидејќи не сум прочитала ништо за тоа- рекла Емина.

Во случај да не се промени ништо до нејзиното враќање дома и премиерот остане доследен на својата одлука , Емина и нејзиниот сопруг пронашле резервен начин за комуникација со фановите, а тоа е Фејсбук.

- Реклама -