Село во кое за раѓањето на секое девојче се садат 11 стебла

Во селото Пиплантри во Раџастан постои обичај секој пат кога ќе се роди женско дете, да се засадат 111 стебла.

Во земјата во која мажите се повреднувани од жените, ова село е единственото кое го слави раѓањто на своите ќерки, додека истовремено создава зелен и здрав свет. Причината за традицијата е сигурноста дека порастот на наталитетот никогаш нема да биде на штета на околината.

drvece_selo4

Жителите на ова село, секој пат, собираат по 21.000 рупија, а 10.000 добиваат од семејството на девојчето. Вкупната сума од 31.000 рупија ( отприлика 456 евра) се претвора во фиксен дваесетгодишен депозит наменет за девојчињата. Родителите, со тоа што потпишале изјава, имаат обврска да и овозможат на својата ќерка соодветно образование. Оваа изјава исто така подразбира дека девојчето ќе може да се омажи исклучиво тогаш кога ќе наполни долволно години за тоа.

drvece_selo5

Селаните не само што садат дрвца, туку и се грижат за нив. Околу дрвцата се сади алое вера.

Шиам Сундар Паливал, некогашен водич на селото, прв го предложил овој обичај во чест на својата ќерка која починала премногу млада. Во изминатите шест години се засадени повеќе од 250.000 стебла.

- Реклама -