Седум корисни совети за родители, од Јануш Корчак

Јануш Корчак (Janusz Korczak) е полски детски писател, едукатор, педијатар и општествен деец од еврејско потекло, кој го ризикуваше својот живот на три пати, поради силната љубов кон децата.

Јануш решава да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, за да не го напушти сиропиталиштете, кое го управува во пресрет на најстрашните настани.

Кога сите жители на сиропиталиштето се сместени во воз, тој заминува заедно со нив во концентрационен логор. На патот Корчак им раскажува на децата приказни, за да ги одвлече од болните мисли. Кон него се приближил еден офицер и го прашал:

– Дали ти ја напиша книгата Król Maciuś Pierwszy? Ја читав како дете и ја обожавам. Вие сте слободни.
– А децата?
– Децата одат. Но, вие можете да го напуштите вагонот.
– Грешите. Не можам. Не сите луѓе се курви.
Никој од очевидците на овој разговор не останал жив.

Јануш Корчак – учителот одбил да ги остави избраниците на прагот на гасната комора. Иако можел да се спаси, тој умира во германскиот концентрационен логор Треблинка, заедно со своите ученици – деца од Варшавскиот дом за сираци.

По сето она што е кажано, прочитајте 7 совети за воспитување на децата, препорачани од овој неверојатен човек.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати

1. Не очекувајте дека вашето дете ќе личи на вас, или на она што сакате вие. Помогнете му да стане себе.

2. Не барајте од вашето дете да ви исплати за сè што сте направиле за него. Вие му дадовте живот, како воопшто може да ви врати? Тоа ќе даде живот на други, a тие на трети и тоа е неповратна благодарност.

3. Не им ги налевајте на децата своите стравови, за да не останат на стари години само со една кришка леб. Она што ќе го посеете, тоа ќе го жнеат.

4. Не се однесувајте кон проблемите на вашето дете со потценување. Животот е даден на секој според неговите сили и бидете сигурни дека му е тешко не помалку од вас, а можеби и повеќе, бидејќи тоа нема искуство.

5. Не го понижувајте никогаш.

6. Не заборавајте дека најважната средба на човекот е средбата со неговите деца. Обрнете им повеќе внимание – никогаш не можеме да знаеме кого ќе сретнеме во детето спроти нас.

7. Детето – тоа не е тиранин кој го освоил целиот живот, не е само плод на вашата крв и месо. Тоа е скапоцена чаша, која животот ви ја дал да ја развиете со креативен оган.

- Реклама -