Вистинското значење на средниот прст

Гестот на покажување среден прст е многу постар отколку што мислите, и тоа со векови.

Датира уште од Древниот Рим. Од аспект на непристојноста на гестот, до денес нема многу промени, а уште тогаш бил нарекуван „безобразниот прст“. Од аспект на симболиката, исто така – од самиот почеток, средниот прст го симболизирал машкиот полов орган.

Она што е интересно е што во тоа време се верувало дека машкиот полов орган е отпорен и штити од уроци, па Римјаните го покажувале магичниот среден прст секогаш кога ќе се сретнеле или разминеле со некој за кого верувале дека има зли намери и „уроклив“ поглед.

Е па бога ми, среден прст за таквите!

- Реклама -