Според истражување објавено во PLOSOne кое го спроведоа научници од отсекот за инжињерство во Кембриџ и институтот за роботика и интелигентни системи во Цирих, роботите можат да дизајнираат, создадат и да ги „тестираат“ своите деца.
Истражувачите за потребите на експериментот програмирале роботска рака – односно робот мајка, која самостојно, без човечка интервенција, ги составува своите деца – блокови со вградени мотори. Потоа ги тестира нивните можности, ги воочува недостатоците и според својата анализа ја усовршува следната генерација.
Во неколку одделни експерименти, мајката робот дизајнирала, направила и тестирала десет генерации на роботчиња, а за секоја нова генерација користела информации собрани од претходните обиди.
Еден од научниците на Институтот за роботика кој учевствувал во истражувањето, Лузиуз Бродбек, изјавил за CNBC дека роботите по правило се програмираат на тој начин што извршуваат една иста работа безброј пати.
„ Со користење на генетски алгоритми, постигнавме секој да има различна улога“.
Технологијата е наменета за ситуации во кои роботите мораат да изведуваат автономни задачи, на пример, во случаи на катастрофи.
Запрашан, што мисли за изјавите на Елон Муск и Бил Гејтс во кои се бунат против вештачката интелигенција, Бродбек вели дека тие стравови се малку претерани.
„ Има смисла да се размислува за тоа, но јас лично не сметам дека роботите ќе завладеат со светот“.
Оригинален извор: Scientists make a robot that can have babies