Голем дел од навиките за кои припадничките на понежниот пол се уверени дека ќе ги направат поатрактивни, за мажите сепак се сосема непривлечни.
Еве какви работи ги одбиваат мажите.
Премногу парфем: мажите сакаат кога мирисате убаво, но сепак немојте да претерувате, нанестете два три пати од парфемот и тоа ќе биде сосема доволно. Избегнувајте тешки ориентални и премногу слатки парфеми. Истражувањата покажуваат дека такви мириси на мажите им се најодвратни.
Премногу подлога и пудра: не им се допаѓа кога на лицето ќе нанесете премногу пудра или шминка. Освен што сосема сте ја прекриле својата кожа, додека се прегрнувате, шминката ќе го покрие и него. Држете се до она – помалку е подобро.
Пренагласени трепки: премногу римел на трепките кои „му се закануваат“ дека ќе го убодат, не делуваат привлечно кај машкиот пол.
Сува кожа: сувата кожа на нозете, грубите лактови и стапалата кои не се негувани, никому не му се привлечни. Не заборавајте да ги хидратизирате со млеко или лосион штом ќе излезете од под туш.
Драматичен поглед: суптилно нашминканите очи со техниката smokey eyes се во ред. Но, премногу драматичен изглед не е многу привлечен.
Чудни додатоци во косата: мажите сакаат едноставни нешта. Затоа заборавете на чудните пердуви, ланците и останатите необични додатоци. Оставете ги за сценските настапи на познатите.
Премногу лак или гел во косата: ниту еден маж не сака кога косата на неговата сакана е затегната и залепена со разни гелови и спрејови за коса. Тие претпочитаат природен изглед и можноста со своите прсти да поминат низ вашата природна и мека коса.
Жолти заби: кој сака да се бакнува со некој кој има жолти заби? Користете специјална паста за избелување.