За еден родител, ситуацијата во која што неговото дете се чувствува поинакво во однос на светот околу него, може да биде навистина тешка.
Затоа новозеландецот Алистер Кембел решава да ги земе работите во свои раце. За да ја натера неговата 6-годишна ќеркичка Шарлот да се почувствува подобро во врска со нејзините кохлеарни импланти , тој тетовира сличен уред на главата.
„Јас го направив тоа, бидејќи ја сакам. Косата секогаш може да ми порасне повторно “, вели Кемпбел. На прашањето дали 45-минутната процедура била болна, таткото одговара – „малку, но не е нешто што не можев да го поднесам.”
Кембел нема други тетоважи и планира повторно да пушти коса. Тој вели дека ќе ја бричи главата при специјални случаи или при барање на Шарлот. Губењето на слухот во семејството е наследна појава. Мајката на Кембел исто имала слушен имплант. Вториот син Луис, носи сличен уред.