Мислите дека базените, бањите и спа бањите се човечки изуми?
Воопшто не е така. Погледнете ги овие извонредни природни резервоари, создадени, обликувани и формирани од природните сили, а потоа преплавени со вода од подземните води или водопади. Некои се подобри од водените паркови!
1. Женевски залив, Свети Мартин
Иако островот е атрактивна туристичка дестинација поради белите песочни плажи и чистата сина вода, таму има убав природен базен на Женевскиот залив.
2. Шампањски базен, Северен остров, Нов Зеланд
Геотермалното езеро е спектакуларно природно чудо, формирано пред 900 години- релативно младо за таква формација.
3. Мамутски топол извор, Вајоминг, САД
Минерва тераса е едно од најспектакуларните места во Јелоустоун националниот парк. Топлите извори покриваат голема површина на вода, која е возбудливо да се истражува.
4. Големиот призматичен извор , Вајоминг, САД
Најголемиот топол извор во земјата го добило своето име по живописните интензивни бои, предизвикани од бактерии. Бојата се менува секоја сезона, освен во центарот, во кој нема бактерии поради екстремните високи температури.
5. Ѓаволки базен, Викторини водопади, Замбија
Величенствен и еден од најпопуларните водопади во светот е познат како „чадот кој грми“ меѓу локалното население. Ѓаволскиот базен е природно формиран од страната на Замбија, а некои авантуристи се осмелуваат да пливааат во него само неколку метри оддалечени од бездната.
6. Хавасу водопади, Аризона, САД
Прекрасните водопади кои се наоѓаат во Големиот Кањон, формираат природен базен кој овозможува пливање за планинарите. Сината боја се должи на магнезиумот и сулфурот.
7. Бахмах, Вади Шаб, Оман
Природна дупка во паркот Hwaiyat Najm е навистина убава и овозможува одлично пливачко искуство. Опркужено со пустина, дупката исполнета со кристално бистра вода, прави убава оаза.
8. Хамилтон базен, Тексас, САД
Креирано од распаѓање на земјата, денес овој природен безен е омилена атракција. Опкружен со варовни ѕидови, базенот располага и со водопад.
9. Гиола, Тасос, Грција
Уникатен резервоар за вода, лоциран во близина на селото Астрис, овозможува пријатно искуство. Егејското море ја обезбедува лагуната со вода, која станува многу потопла од морето.
10. Бања на кралицата, Кауаи, Хаваи
Бањата на кралицата се храни со океанот и овозможува дополнително капење во овој карпест брег. Дури има и мал водопад во близина каде може да се исплакнете од солената вода.