7 типови на луѓе што ќе ви го уништат уживањето на плажа

Лежите на плажа и мислите ви одлетале некаде далеку, и баш тогаш, како за беља, се случува онаа ситуација што најмногу ве иритира. Обично доаѓа во неколку основни облици, меѓу кои:

1. „ШЕТАЧКИ“ ПРОДАВАЧ

5940213280_33b86a0c2b[1]
„Часовници! Модерни часовници! Очила за сонце! Ви требаат очила за сонце?!“… Децата особено се радуваат на нивните тракатанци, па ако ги имате, очекувајте дека ќе бидете присилени да учествувате во разговорот со продавачот, дури и ако не купите ништо. Кога веќе сте во таква ситуација, прашајте го дали марките што ги продава се оригинални и каде се произведени. Вие го знаете одговорот, ама важно е и децата да го видат продавачот додека се обидува да се „извади“ и да сфатат дека баш и не ги сакаат предметите од неговата понуда.

2. ДЕЦА

crane_beach_kids[1]
До вас е сместено многубројно семејство со едно чудо мали деца кои вриштат и плачат затоа што се гладни, се степале, сакале ова, сакале она… затоа што се деца. Родителите одамна кренале раце и се чини дека успешно ги игнорираат. Најдобра стратегија е да им кажете на немирковците дека таму и таму има такво и такво кафуле со видео игри/интернет. Децата ќе почнат да ги „дават“ родителите за да ги однесат на тоа место, а родителските нерви не траат засекогаш.

3. СТРАСТЕН МЛАД ПАР

beach-couple-kiss-1920x1080-1024x576[1]
Докажано, сонцето и жештината ја зголемуваат сексуалната желба, ама па и не мора да гледате како двајца во вашата непосредна близина одбиваат да се „симнат“ еден од друг. Во најмала рака е непријатно. Решение: Преправајте се дека сте перверзник и правете се дека ги снимате. Прашање на време е кога ќе им проработи срамот.

4. ГОЛИ ПЕНЗИОНЕРИ

oldpeoplebeach
Од една страна, пензионерите имаат долг стаж на земниов живот и заслужуваат да поуживаат малку неограничена слобода. Од друга, естетска страна, старите лица се оние што треба да се најоблечени. Ама за беља, до вас има такви што се пресоблекуваат од еден во друг костим за капење, бидејќи… кој да знае… Имате две опции: или едноставно не гледајте, или и вие соблечете се и славете ја слободата заедно.

5. СПОРТИСТИ – РЕКРЕАТИВЦИ

6669563_orig[1]
Вашиот план е да се опуштите. Нивниот план е да ве погодат со фризби, да им ја подадете топката и да ви го наполнат пешкирот со песок. Решение: Подмитете го најблиското дете со сладолед, под услов да се согласи да ги праша дали може да игра со нив, а потоа и да им ја расипе играта.

6. ПОЗЕРКА


За „барбиките“ плажите се модна писта. Се мачкаат со масло за да изгледаат светкаво и пластично. Се фрцкаат кога одат во вода, а потоа долго позираат во плиткото, имало камера или не. Уживаат да бидат во центарот на вниманието. Решение: Кажете и дека лани вие сте се мачкале со исто такво масло и дека по целата кожа ви се појавиле пеги. Гарантирано, таквата девојка за миг ќе отрча назад во апартманот и ќе помине барем 2 часа на проверка на кожата и советување на интернет форуми.

7. БИЗНИСМЕН

businessman
Тој одмара така што работи. Седи до вас со вклучен лап-топ и сериозно лице, и веќе пола час преговара на мобилен со бизнис партнерите и клиентите. Гласен е и енергичен, за да можат сите околу него да сфатат каква чест имаат да се во друштвото на така важен човек со толку многу проблеми и вештини на решавање. Решението е следново: Надоврзете се на некој негов муабет и започнете разговор при кој ќе ја оддалечите темата што подалеку од сферата на бизнисот. Бидете некултурни и прекинувајте го, зборувајте постојано и брзо и не му давајте шанса на соговорникот да одговори на телефонот. Прашање на време е кога ќе надвладее фрустрацијата и ќе го одвлече некаде каде што ќе нема луѓе, на пример назад во неговата хотелска соба.

- Реклама -