Еднаш еден богат човек решил да го одведе своето дете на една селска фарма, за да му покаже колку сиромашни можат да бидат луѓето.
Тие поминале еден ден во домот на едно многу сиромашно семејство, а кога се вратиле дома, таткото го прашал својот син:
– Дали ти се допадна патувањето?
– Беше неверојатно, тато!
– Гледаш ли колку сиромашни можат да бидат луѓето? – прашал таткото.
– Да.
– И што научи од тоа?
Синот одговорил:
– Видов дека ние имаме едно куче дома, а тие имаат четири . Ние имаме базен во градината, а тие – ливада, на која не и се гледа крајот. Ние ја осветлуваме градината со светилки, а тие со ѕвездите.
Таткото занемел од овие зборови на својот син, а синот додал:
– Ти Благодарам татко што ми покажа колку се богати овие луѓе.