Три од жртвите се деца.
Војници ќе го пребаруваат теренот во Шипковица во потрага по исчезнато лице, за кое жителите стравуваат дека можеби се наоѓа под одроните, вели градоначалничката на Тетово, пренесува „Дојче Веле“.
Четири жртви, од кои едно возрасно лице и три деца помлади од десет години, се жртвите од големото невреме кое вчеравечер го зафати Тетово и околните села. До утрово (8 часот – н.з.) едно лице од селото Шипковица се‘ уште се води како исчезнато. Три од жртвите исто така се жители на планинското село Шипковица, а само едно од настраданите деца на седумгодишна возраст било од населбата Лисец, чие безживотно тело надојдената водена маса го исфрлила во близина на Голема Речица.
Во Клиничкиот Центар во Тетово вчера биле примени две повредени лица, едно во потешка состојба било упатено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а по укажаната помош други четири поврдени лица биле пуштени на домашно лекување. Повредените синоќа ги посети градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која утрово до 3 и 30 часот престојуваше во селата кои најмногу настрадаа од невремето. Во посета на настраданото подрачје ноќеска беше и премиерот Никола Груевски.
Извор/ ДВ