Apple го зголемува својот тим за развој а електрични возила

Теоријата дека Apple работи на „таен проект“ за електричен автомобил одамна е потврдена. Неодамна креаторот на iPhone ангажираше неколкумина светски експерти од авто-индустријата, кои досега за развој токму на електромобили биле ангажирани од Tesla, Nissan, General Motors…

Според Wall Street Journal, Даг Бетс, е новото засилување во тимот, по седум минати години како шеф на оделлот за квалитет во Fiat Chrysler. Пол Фругејл, поранешен заменик-директор на Лабораторијата за автономни системи при Швајцарскиот сојузен институт за технологија, исто така, неодамна мина во редовите на Apple. Оваа група, иако е „тајна“ веќе работи на автономно возило, а самиот Фругејл, како што се дознава, ангажирал цела армија од компјутерски и автомобилски експерти да работат со него во Apple.

Прочитајте и:  „Епл“ го претстави „ИОС 18.1“ со „Епл интелиџенс“

Вестa за тајниот проект ја разбрани интернет заедницата претходно оваа година, кога WSJ објави за „проектот” чие тајно име е Titan, за кој се тврди дека е насочен кон создавање на електрични возила од типот „нешто како мини-ван“. Најзелената технолошка компанија во светот ќе треба да ги потврди или негира различните гласини за Titan, но јасно е дека нешто возбудливо се случува зад затворени врати.

- Реклама -