Разнобојна хармонија кај шеширите за ова лето

За на плажа ви се потребни неколку работи: торба, млеко за сончање, очила за сонце, насмевка, како и … шешир која ќе ги штити главата и косата.

Трендовите за ова лето се поврзани со ефирност и свежина, светлина и лежерност. Ви нудиме неколку модели, од кои станува јасна една работа: шеширите треба да бидат со широк обем, да имаат карактер и да поседуваат весел елемент.

Портокалова, светло сина и црна и бела комбинација – варијантите се бројни, во зависност од расположението и бојата на костимот за капење.

Се разбира, на шеширот веќе одамна  не се гледа само како средство за заштита од сончевите зраци, туку служи главно како моден додаток, кој ги издава стилот и карактерот.

Прекрасно стојат и темните шешири, кои што внесуваат футуристичност во изгледот, а воедно ни даваат слобода да ги искомбинирате со различна облека и акесоари.

1 2 3 4 5

- Реклама -