Ако сте сакале басни како мали, сигурно ќе ви се допадне прославата по повод 4 јули, која ја подготвил овој хрчак за своите пријатели. Со разни специјалитети и огномет, журката била незаборавна.
На неговата забава имало разни специјалитети, а сето тоа го подготвил и послужил келнерот кој го изнајмиле.
Со покана биле почестени неговите најдобри пријатели – зајак, албино еже и морско прасе.
Тие мирно седеле, одлучувајќи да го поминат денот во тотално уживање, додека зад нив пукал „огномет“.
Ако не верувате во оваа приказна, погледнете го видеото.