Пристигнувате во хотелот на вашата летна дестинација и со душа чекате да се испружите на плажата. Тогаш фрлате поглед кон куферот и сфаќате дека прво ќе треба да се распакувате. Овој проблем, како и целото распакување и повторно пакување (за кон дома), можете да ги прескокнете со овој иновативен куфер кој со едноставен потег се претвора во полица.
Како што се надевавте, со самото отворање на ShelfPack, добивате полица на 4 ката, а вашата облека уредно е уредно здиплена, потполно достапна и на видик. Отварате, земате што ви треба и инстантно се препуштате на релаксација и уживање.
Единствената лоша страна на куферот е цената – за сега, чини 349 долари. Сепак, ако често патувате или ако распакувањето е еден од оние модерни проблеми што дефинитивно ви ги оптоварува нервите, ShelfPack може да се покаже и како поздрава варијанта.