Последната епизода од Man Men заврши сосема во стилот на шоуто – со реклама, и тоа, реално снимена во 70-те години.
Главниот лик, маркетинг експертот Дон Дрејпер медитираше на ливада, ги затвори очите и се насмеа досетливо, а веднаш потоа започна една од најпознатите реклами на сите времиња – Кока Кола од 1971.
Крајот сакаше да каже дека откако се пронаоѓа себе, Дон се враќа во Мек Кен и ја дава најбрилијанта идеја, иако неколку епизоди претходно го напушти состоанокот на кој се бараше идеја за рекламата и целосно разочаран од својот живот замина на патување во потрага по духовен мир, после сите турбуленции.
Јавноста по последната епизода се запраша дали Дон Дрејпер е алтернативно име за Бил Бекер, човекот кој во реалноста стои зад оваа реклама, и тогашен креативен директор на Мек Кен – Ериксон.
Во вистинскиот живот, Бекер се возел во авион, кој бил полн со луѓе од различни краеви. Сите тие пиеле Кока -Кола, па така му светнала идеата да за оваа креативна реклама. Тој веднаш го напишал стихот „I’d like to buy the world a Coke“ и му го испратил на музичарот Роберт Кук за да напише песна.
За последната епизода на Мad Men, Бекер вели дека не му се допаднало тоа што креативниот директор го напушта градот.
„ Јас никогаш не би го направил тоа. Дури и да сум на одмор ќе бидам достапен, во случај клиентот да има некој проблем… Во мое време, ние моравме да бидеме секогаш достапни“.
Неговиот критицизам отиде уште подалеку кога кажа дека не ја ни гледал серијата.
„ Ги изгледав првите две сезони, а потоа престанав бидејќи серијата беше повеќе фокусирана на ликовите и нивните животи, отколку на она што го работат тие“, изјави Бекер во едно интервју, додека во друго само дрско одговори дека „не му е гајле како завршила последната епизода“.
Сепак, многумина веруваат дека ликот на Дон е испириран од неговиот живот, со оглед на тоа што и самиот Бил во моментов живее на фарма во Вирџинија, а кога ќе се спуштат температурите тој и неговата сопруга заминуваат во мала куќичка на Флорида, каде обожаваат да шетаат под сонцето.
Друга сличност е што и двајцата ја добиваат комерцијалната идеја за време на патување, а нивната титула како и името на компанијата е идентично.
Можеби животот на Бил не бил како оној на Дон, можеби немале ниту сличен работен стил, но текот на кој што ги поврза серијата стана интересен за шпекулирање и набљудување – сепак и двајцата се „креатори“ на истата реклама, иако едниот во вистинскиот живот, а другиот во срцата на фановите на Mad Men.
Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing.