Од изгореници на скалпот до разбушавена коса, како да ја заштитите вашата коса оваа сезона.
Доколку немате време да ја исушите вашата коса по миењето…
1. Заврзете ја во шик пунџа со дупол јазол. Ова можеби е тешко да го направите со сува коса, но навистина е лесно и едноставно кога косата е водена и глатка. Прво заврзете ја косата во реп, поделете ја на два дела и врзете ги во јазол, два пати. Краевите вметнете ги под пунџата и зацврстете ги со шноли.
2. Заврзете ја во ниска пунџа во вид на осмица. Врзете ја во низок реп, завртете го крајот и вртете го околу прстот. Потоа, зацврстете го крајот со ластиче и вметнете го низ средината на пуштената коса долу. Обезбедете со шноли. Кога ќе се исуши косата и ја пуштите, ќе имате лесни бранови.
Доколку сакате брановита коса за плажа без да биде разбушавена…
3. Направете лесна внатрешна плетенка. Колку се поопуштени плетенките, толку ќе бидат поголеми брановите на косата. Оваа фризура, исто така, ќе го заштити скалпот од горење за време на сончањето на плажа, а за навечер ќе имате секси виткана коса.
4. Поделете ја вашата коса на половина, вртете ги краевите на вашата коса, заврзете ја горе со шноли, а потоа кога ќе се исуши и ќе ја пуштите ќе имате лесни бранови.
За да ја заштитите косата од оштетување од хлорот или солта во водата
5. Измијте ја прво косата со обична вода пред капењето во базен или морето. Вашата коса ќе ја апсорбира обичната вода, заштитувајќи ја од хемикалиите во базенот. Исто така, може да нанесете кондиционер кој не се плакне и ќе ги добиете истите резултати.
Ако сакате осветлени краеви од сонцето на косата…
6. Заврзете ја косата нагоре, така што краевите ќе бидат најгоре и на тој начин ќе имаат најголем допир со сонцето. Тоа ќе ги осветли краевите и малку ќе го отвори вашето лице.
7. Исцедете сок од лимон во вашата коса и исчешлајте ја. Со сокот од лимон, цитричната киселина во комбинација со сонцето го ослободува пигментот, и ја остава косата малку посветла.
Ако вашите предни прамени лесно се мрсат од кремата за заштита од соцне или од потта на челото…
8. Чувајте ја косата подалеку од вашето лице со француска или холандска плетенка. Исплетете ја косата и зацврстете ја со шнола одпозади.
Ако вашиот врат лесно се поти и наводенува…
9. Чувајте ја вашата коса подалеку од вратот во високо репче. А доколку сакате дополнителна текстура, направете плетенка и заврзете ја на крајот, а потоа малку разлабавате ја.
Повеќе совети за „прва помош“ во лето за вашата коса, утре. 🙂