Како да го пресметате сопствениот индекс на телесна маса

Индексот на телесна маса (BMI – body mass index) е мерна алатка што ја споредува вашата висина со вашата тежина и ви дава индикација за тоа дали имате прекумерна тежина, дали сте потхранети, дали сте здрави или сте дебели.

Се пресметува на следниот начин:

Man-Planning-Calculator-Pen-01[1]

1. Измерете ја вашата телесна тежина, со помош на куќната вага
За пример, ќе земеме човек што тежи 78.8 килограми

 

2. Измерете ја вашата висина, со помош на метрото за кроење
Во нашиот пример, човекот е висок 178 сантиметри, т.е. 1.78 метри.

 

3. Тежината во килограми поделете ја со висината во метри на квадрат

bmiformula

Ќе добиеме:

78.8/1.78²

т.е.

78.8/(1.78×1.78)

Резултатот во нашиот пример е 24.8, а воедно тоа е и бројот што го претставува индексот на телесна маса.

 

4. Толкување

Индекс помал од 18 значи дека сте потхранети.
Индекс од 18 до 18.5 – слаби сте за својата висина.
Индекс од 18.6 до 24.9 – здрави сте и имате нормална тежина.
Индекс од 25 до 29.9 – имате прекумерна тежина.
Индекс поголем од 30 – имате гојазност.

Или сликовито:

6[1]

- Реклама -