Прекрасното езеро во кое не би сакале да пливате

Сината лагуна на ова езерце можеби изгледа како идиличните води што ги гледаме околу тропските острови, но пливањето во неа може да ве чини многу. Имено, езерото во Дербишир, Велика Британија, е ектремно токсично и навистина треба да го избегнувате. Ph вредноста (киселоста) на водата во езерото е голема колку и онаа на белилото за перење, а дополнително, во неа има и стари автомобили, мртви животни и други отпадоци. Така, можете многу лесно да закачите сериозни болести на кожата .

toxic-lake7[1]

Прекрасната сина боја, пак, е резултат на хемикалиите од блискиот каменолом, кој се испуштаат во водата.

На една од таблите близу плажата стои предупредување:

„Внимание! Не влегувајте во водата, заради нејзината висока pH вредност. Ова може да предизвика: иритации на кожата и очите, проблеми со стомакот, габични и други инфекции и осипи.

Размисли! Дали би пливал во амонијак (pH 11.5) или во белило (pH 11.3)?

Овие се слични како и Сината Лагуна (pH 11.3)!“

toxic-lake6[1]

Сепак, визуелната убавина на езерото мамеше многумина, па во 2013-тата, во обид да ги спречат луѓето да влегуваат во навидум прекрасната вода, властите го обоија езерото со црна боја.

Прочитајте и:  Импактот на вештачката интелигенција врз екологијата: За ладење на ChatGPT-3 биле потребни најмалку 5.4 милиони литри свежа вода

„Сега луѓето веќе не мислат дека се на одмор на Бахамите, туку знаат дека се во Харпур Хил. Беше апсолутно прекрасно за гледање, но извонредно опасно за пливање“, рече тогаш бизнис сопственикот Рејчел Томас за BBC.

334767,xcitefun-black-lagoon-england-1[1]

 

- Реклама -