“Да копаме за нафта? Мислите
да копаме во земја и да пробаме да најдеме нафта? Вие сте луд човек.“ –
Копачите на Едвин Л. Дрејк кои беа на списокот за работа да копаат за
нафта во 1859 година.
„Компјутерите во иднина ќе тежат не повеќе од 1,5 тони.“ – Popular Mechanics за постојаниот раст на науката, 1949 год.
„Мислам дека во светот има пазар за можеби 5 компјутери.“ – Томас Вотсон, директор на IBM, 1943 год
„Нема причина зошто некој би сакал компјутер за домашна употреба.“ – Кен Олсон, претседател на Digital Equipment Corp., 1977 год
„Овој ’телефон’ има премногу грешки кои мислиме дека се сериозни за нашиот начин на комуникација. Направата не ни е од корист.“ – Western Union, 1876 год
„Безжичната музичка кутија не е од комерцијална вредност. Кој би платил за порака која ќе биде испратена на никого?“ – Давид Сарнов при неговиот одговор за инвестирање во радиото во 1920 год.
„Кој по ѓаволите сака да ги слуша актерите како зборуваат?“ – Х.М. Ворнер, 1927 год
„Мило ми е што само Кларк Гејбл ќе падне на задник, а не Гари Купер.“ – Гари Купер по неговата одлука да не ја игра главната улога во „Однесено со виорот“
„Нам не ни се допаѓа нивниот звук. Гитарската музика не е веќе во мода.“ – Decca Recording Co. откачувајќи ги Битлси, 1962 год
„Машини кои се потешки од воздухот, а летаат? Тоа е невозможна работа.“ – Лорд Келвин, 1895
„Па отидовме до Atari и им рековме ’Еј, имаме една неверојатна работа, направена од некои ваши делови. Што мислите да не финансирате? Или да ви ја дадеме? Ние само сакаме да ја направиме. Дадете ни плата и ќе работиме за вас. А тие рекоа ’НЕ’. Потоа отидовме до Hewlett-Packard и тие рекоа ’Не ни требате. Уште не сте завршиле факултет.’ – Основачот на Apple Computer Inc. Стив Џобс во обид да ги заинтересира компаниите за неговиот PC
„Професорот Годард не знае за релацијата помеѓу акција и реакција. Изгледа дека му фали основно образование кое се стекнува во средно училиште“ – Натпис на New York Times за револуционерната работа на Роберт Годард со ракетите
“Да копаме за нафта? Мислите да копаме во земја и да пробаме да најдеме нафта? Вие сте луд човек.“ – Копачите на Едвин Л. Дрејк кои беа на списокот за работа да копаат за нафта во 1859 год.
“Авионите се интересни играчки, но од никаква вредност за армијата“ – Маршал Фердинанд Фох, професор по стратегија
“Се што можеше да се измисли е измислено“ – Чарлс Дуел
“Теоријата за бактерии на Луј Пастер е смешна фикција“ – Пјер Пашет, професор, 1872 год.
“640К би требало да биде доволно за секого“ – Бил Гејтс, 1981 год.