Никој не признава, ама сите го прават. А постојат и добри аргументи кои одат во прилог на истото. Еве неколку:
- Заштеда на пари: Со секое уринирање додека се туширате заштедувате цело казанче вода. Тоа значи и помала сметка на крајот од месецот.
- Добро е за животната околина: Според некои истражувања, просечниот човек троши 2 тона вода годишно само додека пушта вода по уринирање. Патем, се потврдува и првиот аргумент – ете колкав импакт може да има на сметката за вода.
- Останувате чисти: Тоалетната хартија малку впива, а најголемиот дел го размачкува по кожата. Уринирајќи додека сте под туш, можете прописно да се измиете.
- Почисто купатило: При уринирањето (на вообичаен начин) капките урина се разнесуваат по голем дел од купатилото и контаминираат се што е во него. Ова не е случај кога се капете.
- Е хигиенски: Всушност, урината е стерилна и се додека заминува се е во ред.