Модерните трговски центри знаат да ја рабудат клаустрофобијата кај многумина. Затворениот простор, бетонот, плочките и метежот од луѓе лесно можат да ви ги изморат сетилата и да ви го убијат расположението.
Како што рекле старите, „Трпение – спасение“. Ако трговските центри од иднината наликуваат барем малку на еко-урбаниот концепт на фирмата за архитектонски дизајн – Vincent Callebaut, шопингот ќе добие драстично нов лик во очите на човештвото. Патем, се работи за истата фирма што веќе ни ги презентираше своите визии за еко-вили што создаваат повеќе енергија отколку што трошат, високи спирални кули-градини во форма на ДНК и други слични проекти чија примарна цел е да не вратат поблиску до природата, а со тоа и да ја заштитат.
Така, најновиот проект „Wooden Orchids“ се однесува на еко-одговорен трговски центар. Се разбира, тоа значи дека вклучува обновливи извори на енергија, собира и рециклира вода, а промовира и органска исхрана, за што сведочат земјоделските градини и пазари на кровот. Ентериерот исто така вклучува зелени градини, базенчиња и фонтани, но и многу, многу сонце.
Концептот е наменет за провинцијална Кина, но ако (т.е. кога ќе) се покаже дека луѓето го обожаваат, многу веројатно е да се рашири и низ другите градови во светот.