На Youtube се појави видео од едно семејство од Мексико кое неодамна станало горд сопственик на нов душек. Ама приказната не е така среќна како почетокот.
Набрзо, тие сфатиле дека нешто не е во ред со производот. Душекот мирисал непријатно и нечисто, па решиле да го отворат за да проверат што има внатре. А таму – уште еден душек, стар и смрдлив, само ретапациран со ново декор-платно, за да изгледа како нов.
Треба да напомнеме дека никој од членовите на семејството не сакал ни да помисли да спие на него?