Ангела Клејтон е млада костимографка од Лонг Ајленд.
Таа создава неверојатни фустани, од кои ќе биде воодушевена секоја девојка, најмногу поради нивната бајковитост и израз кој раскажува приказна или говори за едно време.
„Ми се допаѓа слободата, сложеноста и напорната работа кај историските костими,” – вели Ангела.
Нејзината страст започнала кога таа за прв пат си сошила носија.
„По некое време сфатив дека сакам да шијам облека, која е визуелно задоволство за мене, а не само костими на моите омилени ликови.”, раскажува таа за своите почетоци.
Така 18 годишната Клејтон решила да отиде уште еден чекор кон непознатото и започнала да шие историски фустани.
Сега таа е опседната со модата на Средниот век.
„ Ја сакам Британската мода од 1620-1630-тите години и наметките од 1860 година. Јас секогаш се враќам кон ренесансата, бидејќи оваа ера е богата со различни слики, “- вели Ангела.