Женската менструација и бизарните историски верувања околу неа

Менструацијата е факт на животот, исто како што се раѓањето, дишењето, смртта. Но, до пред 19-от век, докторите не знаеле ни дека постои поврзаност со овулацијата. Наместо тоа, тие мислеле дека жените крварат за да си ја „оладат“ емотивната, хистерична природа. Патем постоеле и многу други недоразбраности или тотално погрешни теории и верувања, од кои дел живеат и ден денес. На пример, во Индија се верува дека жените што менструираат ги прават кравите неплодни, а во источна Африка се вели дека ги сушат жетвите. А сепак, овие се само капка во морето…

1. Древните Римјани сметале дека жените во менструален циклус се во основа лоши вештерки
Натуралистот Плиниј има напишано доста чудни работи за жените во неговата Историја на природата. Според него, жените што крвареле можеле да спречат бури, ветрови и молњи, да ги уништат жетвите, да ги убијат пчелите… Исто така можеле да замаглуваат огледала и да расипуваат оружја само со поглед. Исто така, Плиниј имал теорија дека менструалната крв ги полудувала кучињата.

2. Тампони – некогаш и сега
Древните Египјани користеле омекнат папирус наместо санитарни влошки. Древните Грци правеле тампони од парчиња дрво обвиткани во платно, кои исто така ги користеле и за контрацепција. Римјаните пак, носеле влошки и тампони од волна.

frogs

3. Жабите се криви
Средновековните Европјани гореле крастави жаби за да ги спречат обилните менструални крварења. историчарката Ејми Лајсенс пишува дека рецептот бил мошне едноставен: 1. фаќаш жаба 2. ја гориш во печка 3. пепелта ја носиш во кожна торбичка близу до вагината

4. Ќе родиш чудовиште
Французите верувале дека при сексот за време на менструација не се зачнувале деца, туку морбидни, смрдливи и деофрмирани чудовишта, пишува во The Curse: A Cultural History Of Menstruation.

5. Лепра
Европјаните од Средниот век исто така сметале дека менструалната крв може да ги излечи лепрозните. Поточно, калуѓерката Хилдегард вон Бинген била таа што го објавила тоа во своите медицински текстови. За разлика од неа, многу други сметале дека сексот за време на менструација го кородира пенисот, а всушност пиењето на менструална крв може да ти пренесе лепра.

manja

6. Афродизијак
Некои луѓе уште веруваат дека менструалната крв е силен афродизијак. На пример, во африканската народна магија (худу) се советува да му ставите менструална крв во кафето на мажот што сакате да го освоите. И во други култури има верувања дека менструалната крв има магична моќ. Водена од тоа, една куќна помошничка од Хонгконг ставила крв во храната на шефот, за да ги подобри работните односи. Погодете дали успеала…

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

7. Шунка и путер
Британците од 19-от век верувале дека путерот нема да се измати или дека шунката нема да прими сол ако се најдат во рацете на жена за време на менструалниот циклус.

8. Тесто и пиво
Виенскиот научник од 1920-те, Бела Шчик, сметал дека менструацијата на жените го спречува тестото да нарасне и пивото да ферментира. Според него, во таквите периоди, жените ослободувале одредени супстанци преку кожата, кои тој ги нарекол менотоксини – кои ги уништувале растенијата.

9. Првата светска војна и револуцијата на санитарните влошки
Француските медицински сестри сфатиле дека еднократните целулозни завои кои ги користеле на ранетите војници апсорбираат крв многу подобро од памукот, па почнале да ги користат за време на менструацијата. Се појавиле неколку брендови на влошки за една употреба, направени од слични материјали, а веќе во 1921-та, дел од овие брендови станале прилично популарни во САД.

COMP_SANITARYBELT.jpg

10. Санитарни појаси
Од 1980-те, па се до 1970-те, западните жени ги носеле овие санитарни појаси. Пред 20-от век, се претпоставува дека најголемиот дел од нив носеле пелени или домашно направени влошки под облеката. Потоа менструалните појаси станале норма – се состоеле од еластични ремени и дебели памучни влошки. Веќе од 1970-те, се појавиле и првите самолепливи влошки, означувајќи го крајот на овој естетски хорор.

11. Модерниот тампон
Во 1929-тата, Д-р. Ерл Хаас ја измислил „затката“ направена од памук кој се инсертирал користејќи две картонски цевки, наречена Tampax. Првиот тампон бил направен со помош на машина за шиење и машина за компресија.

12. Менструална едукација ала Дизни
Во 40-тите и 50-тите, американските средношколци учеле за менструацијата така што им се прикажувало следново видео направено во студиото на Дизни.

13. Менструални казнени ќошиња
некои жени морале своите менструални периоди да ги поминат во таканаречени „менструални колиби“. Жените од народот Догон од Мали, уште го живеат таквото секојдневие. Слична пракса има и во делови од Непал, и покрај тоа што „менструалните колиби“ беа забранети во 2005-тата. Многу од жените се праќани да отседат во мали куќарки направени од кал – наречени готи. Ова е дел од Хинду-традицијата „чаупади“ во која жените во менструација се подложени на изолација затоа што се сметаат за (духовно) „нечисти“.

14. Фестивал
Во Шактизмот, подгрупа на Хиндуизмот, се одбележува годишниот менструален циклус на божицата Камакја.

15. Данок на влошки
Во некои земји, се плаќа данок на добивка за санитарните влошки, бидејќи очигледно, се сметаат за луксуз.

- Реклама -