Лас Вегас (англиски: Las Vegas) денес е најнаселениот град во сојузната држава Невада во Соединетите Држави, и меѓународно признен град во сферата на коцкањето, шопингот, лукзусните вечери и забава.
Лас Вегас, кој се смета за главниот град на светот за забава (The Entertainment Capital of the World), е познат по големиот број казина и забавни клубови.
Утврден во 1905 година, Лас Вегас официјално стана град во 1911 година. Со развојот којшто следи кон крајот на векот, Лас Вегас стана најнаселениот град во САД основан во XX век. Градот толерира различни форми за забава за возрасни, со што заслужува името Син Сити (Sin Sity), и оваа слика го прави популарна тематика за филмската продукција и телевизиските програми. Од друга страна, Лас Вегас има најмногу цркви по жител од било кој голем град во САД. Градот изобилува со светлечки реклами, и доколку се набљудува од вселената тоа е најсветлиот град на планетата Земја.
Првата забележана посета во долината се случува во 1829, од страна на Рафаел Ривера (Raphael Rivera). Лас Вегас е именуван од страна на Шпанците во партијата на Антонио Армихо (Antonio Armijo), кој ја користел Владата од областа додека патуваа кон исток и запад од Тексас. Во 1800, областа на градот се наоѓале многу бунари со природна вода кои придонеле за одржувањето на многу зелени површини или ливади. Ливада на шпански се нарекува ВЕГАС па според тоа потекнува и името на таа долина.
Џон К.Фримонт (John C. Fremont) допатувал во долината на градот на 3 мај 1844, додека се уште била дел од Мексико. Тој бил водач на група научници и набљудувачи. Но 10 мај 1855 година, по анексот од САД, Бригам Јанг (Brigham Joung) назначил 30 мисионери (Shuch od Jesus Shns of Latter-day Saint) на чело со Вилијам Брингхарст (Willam Brigharst) во областа за да ги претворат Индијанците Паиуте (Paiute Jndians) во Мормони. Била изградена и тврдина која служела како преноќувалиште за патниците. Меѓутоа, Мормоните го напуштиле Лас Вегас во 1857 година. Лас Вегасбил утврден како град на 15 мај 1905 година, кога 44,5 хектари поседувани од Сан Педро, Лос Анџелес и Солт Лејк (Solt Lake Railroau) биле споени во она што денес се нарекува долен дел на Лас Вегас.
Да погледнеме како изгледал градот пред 60 години.