Дизајнерите се погрижија рамните обувки и сандали да изгледаат гламурозно како оние на високи потпетици.
Тие ги разубавија класичните обувки вметнувајќи силни бои и атрактивни детали во новите колекции. Сандалите со мала „орто пета“ се посебно удобни.
Не можете да замислите ниту еден ден без рамни, пријатни обувки? Оваа модна сезона е создадена за вас, бидејќи конечно можете да ги носите за време на најсвечените прилики. Дизајнерите вметнаа шарм и гламур во класичните обувки, кои сега можете да го носите и во бурните ноќи.
Апстрактните дезени, цветови, линии и шљокици во тенд се оваа пролет и лето, безразлика дали сте љуботел на елегантниот или лежерен стил. Особено се модерни рамните шпицести обувки, но актуелни се и заоблените балетанки.
Но, ако како и голем број дами, обожавате високи потпетици, не грижете се бидејќи тие се уште се во тренд.
И за крај, кој вели дека ако сте невеста, морате да си ја мачите ногата на високи потпетици. Што би рекле за нешто вакво?