Непосакувани светски рекорди

непосакувани рекордиИма луѓе кои работат целиот свој живот за да постигнат нешто, луѓе кои го посакуваат вниманието поврзано со титулата носител на светски рекорд. Од Олимпијци, до луѓе кои редат пластични чаши, сите тие имаат тренирано напорно за нивниот момент на слава. Но тука се и овие луѓе, чие постигнување е случајност, и ако би можеле да бираат, најверојатно би решиле да останат дома и да гледаат телевизија.

Има луѓе кои работат целиот свој живот за да постигнат нешто, луѓе кои го посакуваат вниманието поврзано со титулата носител на светски рекорд. Од Олимпијци, до луѓе кои редат пластични чаши, сите тие имаат тренирано напорно за нивниот момент на слава. Но тука се и овие луѓе, чие постигнување е случајност, и ако би можеле да бираат, најверојатно би решиле да останат дома и да гледаат телевизија.

непосакувани рекордиНајдолго непрекинато кивање
Сите ние мразиме настинки и алергии. Кивањето навистина може да ви го расипе денот, но не посоти личност која го знае тоа подобро од Дона Грифитс. Кога таа се разбудила утрото на 13 јануари, 1981 година, таа не ни претпоставувала што ја очекува. Тој ден таа почнала да кива, и не престанала цели 977 дена. Ако не сакате математика, тоа се повеќе од две и пол години. Во првата година, докторите пресметале дека кивнала повеќе од милион пати.

непосакувани рекордиНајдолгиот слободен пад
Најголемиот ризик со кои би требало да се соочат стјуардесите е пијани патници и болни бебиња, но Весна Волувиќ се соочила со малку поголем ризик на 26 јануари, 1972. Таа работела на Лет 367 на ЈАТ во моментот кога на авионот била акативирана бомба над тогашната Чехословачака. Таа влегла во Гинисовата Книга на Рекорди откако го преживеала падот, од висина од 10058 метри. Од падот, Весна претрпела скршен череп, ’рбет и поминала 27 дена во кома.

непосакувани рекордиНајдолго непрекинато икање
Во 1922 година Бенито Мусолини станал најмладиот премиер во историјата на Италија, бил основан СССР, радиото BBC започнало да емитува програма, и Чарлс Озборн почнал да ика. Ништо чудно, многу луѓе икаат од време на време, но не и Чарлс. Тој почнал да ика во 1922 година, и не престанал до крајот на својот живот. 69 години, и 430 милиони икања подоцна, тој икнал за последен пат, откако несомнено се обидел со секој можен лек.

непосакувани рекордиНајдолго чекање на болничка носилка
24 февруари 2001 година не почнал најдобро за британецот Тони Колинс, кој морал да отиде во болница откако добил вирус поради кој бил премногу слаб за да се движи. Тој бил заведен во болницата, и оставен на носилка во ходникот додека да биде најден кревет. Но, додека да се ослободи кревет поминале 77 часа и 30 минути.
Оставен на милостта на персоналот, со поглед на болничките тоалети, Тони не можел да направи ништо освен да чека. Додека чекал му се појавиле болки во грбот и хронична досада. Но, за да биде приказната уште полоша, додека луѓето од Гинис го разгледувале неговиот рекорд тој повторно се разболел, и повторно поминал маратонска сесија на носилка во ходник на болница, но овој пат само 60 часа.

непосакувани рекордиНајниска телесна температура
Двегодишната Карли Косолофски открила на потешкиот начин колку студени можат да бидат канадските зими. Карли, која потекнува од канадската провинција Саскачевен, и еден ден додека нејзиниот татко заминувал за на работа, Карли тргнала по него и била заклучена надвор од куќата. Нејзината мајка ја пронашла 6 часа подоцна, и нејзината телесна температура била само 14,1, наместо нормалните 37 степени целзиусови. По неуспешното вештачко дишење мајката повикала брза помош, во болницата температурата на Карли била подигната и покрај тоа што нејзината лева потколеница била ампутирана поради премрзнатост, таа целосно оздравела.

- Реклама -