Човекот без нозе ќе трча во Лондон

Оскар Писториус ќе влезе во историјата на светскиот спорт како прв параолимпиец што ќе трча на Олимписки игри, откако беше избран за штафетата 4х400 метри.

Атлетичарот кому му се ампутирани двете поколеници и има вградени протези, ќе трча за Јужна Африка во штафетната трка. Писториус не успеа да ја исполни олимписката норма на 400 метри за да настапи во поединечна конкуренција, иако  го освои второто место на првенството на Африка во Бенин минатата недела.

Јужноафриканскиот атлетичар досега имаше многу успеси на Параолимписките игри. Во 2008 година во Пекинг освои три златни медали, а четири години претходно се закити со златен и со сребрен медал. Сега ќе настапи и на Олимписките игри во Лондон, со што ќе влезе во историјата на светскиот спорт.

- Реклама -