Писмо кое ќе го разберат самохраните родители

Алисон Деискол е девојка која пораснала со еден родител – нејзината мајка.

Покрај неа, нејзината самохрана мајка ја одгледувала и нејзината сестра. Таа одлучила да напише отворено писмо во кое ќе и се заблагодари неа и на сите самохрани родители на овој свет.

Самохраните родители работат за двајца и речиси никогаш немаат време за себе.

Алисон со ова писмо и се обраќа не само на нејзината мајка, туку на сите самохрани родители на овој свет. Таа вели дека децата кои имаат само еден родител често забораваат да им се заблагодарат.

Во своето писмо таа вели дека самохраните родители извршуваат работа за двајца. Родителот заработува и го храни семејството. Тој покрај тоа што го купува и ја готви таа храна. Освен што заработува за образование на своите деца, тој го следи секој нивни чекор.

„Иако работи дупло повеќе, тој никогаш не очекува ништо за возврат. Самохрани родители, фала ви што после долгиот и напорен ден, сте се разбудиле пред нас да ни подготвите појадок, или да легнете после нас, за да ги измиете садовите по вечерата“, пишува Алисон во писмото.

Таа им се заблагодарува на самохраните родители за храброста. Храброста да ги напуштат своите соништа.

„ Иако најчесто знаете дека нема да добиете некоја голема благодарност од нас, вие го жртвувате вашиот социјален живот и кариерата. Вие не се откажувате од нас дури и кога ќе ви упатиме некој коментар полн со неразбирање“, продожува во писмото.

На крајот таа им се заблагодарува на самохраните родители за неизвесниот пат на кој што се одлучиле да тргнат.

- Реклама -