Воздишката, всушност, му помага на респираторниот систем да се „наштима“.
Истражувањето објавено во мај 2010-тата, во журналот Biological Psychology, тврди дека динамиката на дишењето е различна пред и по воздивнувањето. Според научниците, дишењето е хаотичен систем, а задачата на воздишката е го одржува во рамнотежа.
Многу надворешни фактори влијаат на количеството на кислород што го внесуваме, па белите дробови мораат постојано да бидат подготвени за акција. Таквиот систем има потреба не само од глатко дишење, туку и од повремен отпор/шум, за да работи како што треба. Воздишката – вдишување барем два пати подлабоко од вообичаеното – му помага на телото и да научи како да се приспособува на неочекуваните промени. Од друга страна, пречестото воздивнување може и да ја наруши рамнотежата на дишењето.