Сите мостови имаат некоја намена, а некои од нив додаваат и елемент на страв. Но не мора да одите во изолирани пустелии за да најдете некој страшен мост, тие постојат насекаде, во сите облици, големини и височини. И преминувањето преку нив може да биде вистинска авантура.
Сите мостови имаат некоја намена, а некои од нив додаваат и елемент на страв. Но не мора да одите во изолирани пустелии за да најдете некој страшен мост, тие постојат насекаде, во сите облици, големини и височини. И преминувањето преку нив може да биде вистинска авантура.
Гефирофобија, страв од мостови, е општоприфатена психолошка дијагноза, според доктор Мајкл Либовиц, стравот од преминување мостови е многу чест (иако не е познат колку стравот од летање). За разлика од гефирофобите, постојат и луѓе кои намерно бараат опасни мостови за преминување, само поради возбудата. Совршен пример за ова се мостовите кои водат до националниот археолошки парк Тиерадентро во Колумбија. Иако постојат побезбедни рути со автобус од Ла Плата, сепак многу авантуристи избираат да патуваат со мотрцикли по лизгави мостови направени од бамбус, каде што еден погрешен чекор би значел сигурна смрт. Еве неколку мостови кои ќе ви помогнат да се соочите со вашиот страв, или да ја најдете вашата следна авантура.
Мостот Ројал Горџ, Колорадо
Највисокиот висечки мост во Америка можеби импресионира некои луѓе со својата убавина, но им го запира здивот на оние кои се плашат од височини кога ќе погледнат во реката Арканзас која се наоѓа на околу 90 спрата подолу. Завршен во 1929, мостот немал кабли за стабилизација при ветар се до 1982 година.
Каде: Ројал Горџ, Колорадо, над реката Арканзас.
Податоци: 295 метри над реката, 384 метри долг
Висечкиот мост Трифт, Швајцарија
Еден од најдолгите и највисоките пешачки мостови на Алпите, мостот Трифт бил направен во 2004 за да им овозможи на планинарите пристап до колиба, по повлекувањето на глечерот Трифт. Во 2009 година, мостот добил повисока ограда, и биле додадени кабли за стабилизирање за да се спречи силното нишање во случај на ветар, но мостот сè уште го зголемува нивото на адреналин.
Каде: Глечерот Трифт, во близина на градот Гадмен на швајцарските Алпи.
Податоци: 100 метри висок, 170 метри долг
Мостот Егуиј ду Миди, Франција
Не гледајте надолу. На оваа височина, подобро би било очите да ги насочите кон врвовите на француските Алпи. За среќа, мостот е краток, па не мора долго да останувате на него. Но оние што се плашат од височини нема да можат ни да го видат мостот зашто до него се стигнува само преку жичара која се искачува 2804 метри за само 20 минути.
Каде: Врвот Егуиј ду Миди на масивот Монт Блан во близина на Шамони.
Податоци: 3842 метри надморска височина.
Мостот Карик-а-Рид, Северна Ирска
Како прво: никој нема паднато од овој мост. Сепак, многу посетители кои го преминуваат не можат да поднесат да го преминат уште еднаш па мораат да се враќаат со брод. Мостот порано бил уште пострашен. Направен од рибари кои оделе на островот за да ловат лосос, оригиналниот мост имал ограда само на едната страна. Овој мост направен од јажиња и штици со тек на време станал популарен кај туристите кои барале возбуда, и ирската влада го заменила со поцврст мост со ограда на двете страни.
Каде: Во близина на Балинтој во Областа Антрим, Северна Ирска
Податоци: 19 метри долг, речиси 30 метри над карпите
Мостот Макинак, САД
Некои возачи се толку уплашени да го преминат мостот долг 8 километри што воопшто не го преминуваат. Ова се случува толку често што одговорните за одржување на мостот бесплатно ги префрлаат автомобилите и моторциклите на исплашените возачи. Најголемиот страв е ветрот, кој често се движи со над 50 километри на час.
Каде: Помеѓу Горниот и Долниот Полуостров на Мичиген.
Податоци: 8 километри долг, 60,6 метри над водата.
Висечкиот мост Капилано, Канада
Прво изграден во 1889, овој едноставен пешачки висечки мост во средината на зимзелена шума е многу висок, релативно тесен и екстремно нестабилен. Штиците направени од кедрово дрво потскокнуваат на челичните кабли кога некој поминува преку нив.
Каде: Северен Ванкувер, Британска Колумбија, над реката Капилано.
Податоци: 137 метри долг, 70 метри висок.
Пуенте де Охуела, Мексико
Овој мост води до напуштен град. Челични кабли кои висат од две кули даваат поголемо чувство на безбедност. Сепак, челикот е релативно нов елемент во мостот. Кога тој бил изграден инженерот Сантиаго Мингуин во деветнаесетиот век, кулите биле дрвени.
Каде: Напуштениот град Охуела, стара рударска населба во северната мексиканска држава Дуранго.
Податоци: 317 метри долг, 60 сентиметри широк и 110 метри над дното од клисурата
Мостот Чесапик Беј, САД
Уште еден мост од кој се плашат возачи, овојпат поради честите силни бури. Кога доаѓа лошото време, видливост станува само збор, од средината на овој мост долг 8 километри не се гледа ни копното.
Каде: Над Заливот Чесапик, ги поврзува источниот и западниот брег на Мериленд
Податоци: речиси 8 километри долг, 56,7 метри на највисоката точка.
Висечкиот мост Хусаини, Пакистан
Големи дупки помеѓу штиците, големо странично нишање, ова е еден од најопасните висечки мостови со причина. Иако нестабилните мостови од кабли и штици се чести во областа, преминувањето на овој мост преку брзата река Хунза е особено страшно. Остатоците од неговиот претходник висат на само неколку метри од оној што сега се користи.
Каде: Во селото Хусаини во северен Пакистан, преку реката Хунза.
Податоци: Според некои извештаи мостот бил однесен од поплава во мај 2010. Сепак, поради тоа што е популарен кај авантуристите, мостот најверојатно повторно ќе биде изграден.