Францускиот производител Peugeot ќе се откаже од т.н. „непрофитабилни“ модели, а прв кој оди во историјата е купето RCZ.
Ова го соопшти претседателот на компанијата Максим Пика, кој потенцира дека ова е пред се поради финансиски ефект.
Уште по назначувањето на Карлос Таварес за шеф на концернот PSA беше особено напоменато дека ваквите автомобили – производство на Peugeot и Citroen, носат огромни загуби и треба да бидат сопрени. Затоа и Концернот го пушта во акција планот Back in Race (Назад во трката), според кој до 2022 година палетата на двете марки од 45 моделои треба да биде сведена до 26.
Според Максим Пика, линијата на Peugeot ќе биде намалена за 13 модели првиот чекор кон остварувањето на оваа бројка е „заминувањето“ на моделот RCZ.
– Пресметките покажуваат дека само 13 модели на Peugeot, кои претставуваат 95% од продажбата, носат целосна добивка на брендот. Оттука, останатите 13 модели се загубари, кои треба да бидат отстранети, коментира Пика.
Тој не прецизираше кои машини ќе го следат RCZ, но се очекува во прво време тоа да бидат 3008, 5008 и 4008, во чија основа е платформата на Mitsubishi. Првите два нема да исчезнат, туку ќе бидат преправени во кросовери. Нешто слично Opel ќе стори со своите Meriva и Zafira Tourer. Во исто време Peugeot ќе го зголеми бројот на спортските модификации. Компанијата неодамна ја објави линијата GT Line, спортска модификација врз хечбекот и караванот на 308-ката, а во моментов се подготвува и нова, уште помоќна R-модификација на 308.