Здравата исхрана започнува со игнорирање на сите веќе познати, но штетни производи кои ги користиме додека ја подготвуваме.
Еве што да елиминирате од дневното мени и со што да го го замените.
Мусли, житни закуски
Заменете ги со овошје и зеленчук. Иако изгледаат како здраво решение, муслите и житните закуски понекогаш содржат исто толку шеќер колку и чоколадото, на пример. Затоа не се двоумете да ги замените со овошје и зеленчук, кои не се обработени и ја содржат потребната доза витамини.
Масло
Обичното масло заменете го со маслиново масло.
Прочитај повеќе:Лекување со маслиново масло
Бело брашно
Сите знаеме дека белото брашно е штетно за килограмите, па негови алтернативи би биле пченкарното или интегралното.
Обична сол
Заменете ја со морска сол или со зачини. Солта го зголемува холестеролот, а морската сол е богата со минерали и го испорачува истиот солен вкус, па не е потребно да се откажете целосно од неа.